Серија земјотреси, се тресе Македонија и целиот регион
Серија од три земјотреси беа регистрирани завчера доцна попладне во Македонија. Епицентрите се на 90 километри југозападно од Скопје на подрачјето на Илинска – Плакенска Планина, на длабочина од 15 километри. Потреси освен во главниот град беа почувствувани и во Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево.
-Три од овие земјотреси беа почувствувани и тоа првиот во 18 часот и 33 минути и беше со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала и вториот земјотрес во 18 часот и 41 минута со магнитуда од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Двата земјотреса беа почувствувани во епицентарот со интензитет од VI степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998, а во Охрид и Крушево со интензитет од V-VI степени, Прилеп, Битола и Дебар со V степени, Гостивар, Тетово, Скопје, Велес, Св.Николе со IV степени според истата скала, изјави за Сител Драгана Черних, сеизмолог во Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет
Во текот на завчерашната вечер имало и серија помали постреси, но тие не се почувствувани. Вчера жителите на Источна Македонија беа вознемирени од нов земјотрес со епицентар во близина на Сандански, Бугарија. Сеизмолозите уверуваат дека нема простор за паника. Бидејќи епицентралното подрачје на вчерашните земјотреси во земјава не се карактеризира со многу силни потреси.
-Според историските податоци и инструменталните податоци со кои располага сеизмолошката опсерваторија земјнотрес со поголема јачина не се очекува од оваа епицентрално подрачје, бидејќи сплетот на раседи во оваа подраќје не дава таква магнитуда на семјотреси, изјави Драгана Черних, сеизмолог во Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ тврдат дека земјотресите не се последица ниту на големите поплави и поројните дождови кои изминатиот период ја зафатија Македонија, бидејќи длабочината до која допира водата се мери во метри до километар, а епицентралното подрачје на овие земјотреси е десетина пати подлабоко.
Покрај Македонија земјотреси го тресат целиот регион. Само во последниве три дена регистрирани се над 10 потреси на територијата на Македонија и нејзините соседни земји.
Ново на Сител
-
Форум за образовни промени: Да се преземат мерки за бројните законски прекршувања на Универзитетот во Тетово
-
Отворено ново студио за медиумски иновации на Правниот факултет „Јустинијан Први“
-
Кина воведе царини на европските жестоки пијалаци
-
Тешко повредено 20-годишно лице по сообраќајна несреќа во Кавадарци
-
Царинска управа: спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови
-
Ја удрил со автомобил, па избегал од лице место - Тешко повредена 85 годишна жена
-
Уапсен 38 годишен косовски државјанин - Ја палел зградата на општина Тетово
-
Во четврток прва седница на ЕСС, ќе се зборува и за покачувањето на минималната плата