Сертификати за акредитација доделени на пет ЈЗУ
На пет јавни здравствени установи: клиниките за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања, за детски болести, за нефрологија, Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле и на Општата Болница Охрид денеска во Министерството за здравство им беа доделени сертификати за акредитација.
На доделувањето на сертификатите присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, кој истакна дека процесот на акредитација е почнат во 2016 година и досега се доделени сертификати на Заводот за геронтологија „13 Ноември“, ПЗУ „Плодност“ Битола, додека приватните здравствени установи „Систина“ и „Жан Митрев Клиник“ добија и сертификат за квалитет од меѓународни институции кои понатаму ги верификувала Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи.
Тој рече дека станува збор за процес, што е задолжителен за сите јавни здравствени установи, се состои од внатрешна евалуација, но и од комисија која ја формира Агенцијата и натаму доставува извештај до Министерството за здравство.
- Со овој процес на акредитација го верификуваме квалитетот на процесот на работа на јавната здравствена установа, а сето тоа значи поголем квалитет на давање на самата здравствена услуга. Ќе продолжиме интензивно да работиме на процесот на акредитација за да го унифицираме квалитетот на услугите кои се даваат во сите ЈЗУ, а тоа ќе го почувствуваат пациентите во смисла на подобрување на квалитетот на услугата, посочи Филипче.
Паралелно, нагласи, работиме на утврдување на листата на услуги кои ќе ги даваат сите јавни здравствени установи, а тоа значи дека согласно бројот на специјалисти, нивната екпертиза, опремата која ЈЗУ ја поседуваат, институциите ќе бидат задолжени да ја даваат услугата која ќе биде одредена и очекуваме со овој процес да се запре лутањето и долгото чекање на пациентите во ЈЗУ...
- Очекуваме да се олесни работата и на Итната медицинска помош, а пациентите за многу пократко време да добиваат соодветна квалитетна услуга, додаде Филипче.
Директорот на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи, Анте Поповски рече дека тоа што им значи е поместувањето на разбирањето на концептот за квалитет.
- Дел од болниците не стекнуваат по првпат акредитација, но тоа не е помалку значајно, затоа што таму чекорот плус, поместувањето кое е направено е навистина значително. Имаме подобрување и акредитација стекната на една година, сега имаме установи кои се акредитирани на три години, каде има реална апликација на внатрешните процеси, реално подобрување во техничка и во организациска смисла кое најмногу ќе го почувствуваат пациентите, додаде Поповски.
Додаде дека клиниките за детски болести и за ендокринологија и Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле се акредитирани на три години, додека на Општата болница Охрид и Клиниката за нефрологија акредитацијата им истекува после една година од денот на донесување на решението.
Акредитацијата во здравствените установи е најраспростанетиот механизам, што во светот се користи за унапредување на квалитетот на здравствената заштита, како и квалитетот на работата на здравствените установи. Со акредитација на сите здравствени установи ќе се добие ист или сличен квалитет на здравствените услуги во сите здравствени установи.
Ново на Сител
-
Лига на нации: Македонија ја совлада Летонија и обезбеди пласман во Лига „Б“
-
Во Хрватска во тек се апсења и спроведување на итни доказни дејствија
-
Македонската федерација за дигање тегови денеска оствари средба со Балканската вејтлифтинг федерација
-
Тајсон му залепи шамар на Џејк Пол во последното соочување | ВИДЕО
-
Зеленски следната недела ќе претстави план од 10 точки за внатрешна безбедност
-
Четири пожари на отворено изминатото деноноќие
-
Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
Од денеска задолжително поседување зимска опрема