Свет
17. January 2022 - 8:07

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во Јапонското Море

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил во Јапонското Море, соопшти Заедничкиот комитет на началници на Генералштабот на Јужна Кореја.

Пентагон соопшти дека САД сакаат да разговараат за спорните прашања со Северна Кореја.

Ова е четврто истрелување ракета од страна на Пјонгјанг оваа година. Претходните се извршени на 5, 11 и 14 јануари. Во првите два случаја, Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала хиперсонични ракети. На 14 јануари, две балистички ракети со краток дострел беа истрелани од железнички ракетен комплекс.