-->
-->
Северна Кореја изврши ново тестирање со балистичка ракета
-->

Северна Кореја утрово истрела најмалку една балистичка ракета од својот источен брег. Јужнокорејските сили соопштија дека утрово е испукана ракета од реон на градот Синпо каде Северна Кореја има подморници и друга техничка опрема за тестирање балистички ракети од подморници.
Јапонски премиер Фумио Кишида изјави дека биле регистрирани две балистички ракети.
Лансирањето на севернокорејска балистичка ракета од подморница (SLBM), потврдено од јужнокорејски и јапонски претставници, уследи откако американската и јужнокорејската делегација се сретнаа во Вашингтон за да разговараат за ќорсокакот во нуклеарните преговори со Пјонгјанг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
-

Густ чад над Водно: Гори двокатен автобус
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
