Северна Кореја: На целосна војна со САД одговараме со нуклеарна војна

Мисијата на Северна Кореја при Обединетите нации соопшти дека Пјонгјанг на целосна војна со САД ќе реагира со нуклеарна војна.
Северна Кореја, како што се наведува во соопштението, сигурно ќе победи во борбата против американските империјалисти.
- Напорите на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп да се покори Пјонгјанг со испраќање на носач на авиони во водитге на Корејскиот Полустров никогаш нема да можат да ја заплашат Северна Кореја, се вели во соопштението на Мисијата.
- Волјата на Северна Кореја е непоколеблива да оди до крај ако САД сакаат да останат непроменети во својот конфринтирачки став, се додава во соопшението.
Мисијата на Северна Кореја порача оти на провокациите на САД од секаков вид ќе изврши најжесток противудар, вклучувајќи ненадејни превентивни напади, меѓу кои копнени, поморски, подводни и воздушни маневри, како и разни други методи.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
