Северна Кореја повторно истрела ракета со краток дострел

Северна Кореја денеска повторно истрела ракета со краток дострел, што падна во водите крај нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската армија.
Како што јави Јонјап, во соопштението на Генералштабот на јужнокорејската армија се наведува дека проектилот со краток дострел бил истрелан во близина на градот Вонсан во североисточна Сееврна Кореја и дека прелетал 200 километри.
Јужнокорејската армија наведе дека внимателно ја следи ситуацијата и оти е подготвена за секоја можност.
Тензиите на Корејскиот Полуостров се зголемени по четвртиот севернокорејски нуклеарен тест на почетокот на јануари, а на 7 февруари беше истрелан ракета, за која се смета дека требаше да го скрие тестирањето на балистички проектил со голем дострел.
Советот за безбедност на Обединети нации на почетокот од март воведе нов пакет санкции за Северна Кореја.
Ново на Сител
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Министерката за образование не верува дека има пропусти со извезувањето мозочни ткива во САД
