Северна Кореја верува дека Русија ќе победи
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека Русија ќе „победи“ во својата борба против „империјалистите“, објави денеска државната новинска агенција КЦНА, во забелешки кои се сметаат за насочени кон Украина и нејзините западни поддржувачи, како што се САД.
Северна Кореја воспостави поблиски врски со Русија и ја поддржа Москва по инвазијата на Украина минатата година, вклучително и подоцнежното прогласување анексија на делови од Украина, кои повеќето членки на ОН ги осудија како незаконски.
„Ви испраќаме топли желби вам, на руската армија и на рускиот народ во вашата света борба за зачувување на светскиот мир“, ја цитира агенцијата пораката на Ким во писмото до рускиот претседател Владимир Путин.
Ким, исто така, му ја честита на Путин годишнината од Денот на победата, со кој се слави поразот на нацистичка Германија во 1945 година, нагласувајќи дека Русија ќе продолжи да ја штити својата „автономија“ и „стабилноста на регионот“.
Ново на Сител
-

Австрија е против брзо пристапување на Украина во ЕУ
-

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица
-

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
