Северна Македонија и Чешка потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери
– Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва денеска потпишаa Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу владите на двете земји.

Договорот, кој е по принципот „Влада со Влада“, како што соопштија од Министерството за одбрана, е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата и предвидува ремонт на два хеликоптери Ми-8МТ во период од 13 месеци.

– Договорот за ремонт на хеликоптери претставува Договор „Влада со Влада“ (G2G) и ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка со Чешката Република. Со предвидениот ремонт на хеликоптерите ќе се зголеми борбената готовност на Армијата, додека истовремено ќе се унапреди интероперабилноста на воздухопловниот ВИНГ со сојузниците, појаснуваат во соопштението од МО.
Ново на Сител
-

Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо, 2027 ќе биде најтоплата година досега
-

„Секоја капка за Преспа“ со Андреа Соколовски | Неформално | Sitel Podcast 147
-

Иран предупреди дека ќе одговори „силно и разорно“ на новите закани од САД
-

Илјадници неисправни кондоми продадени низ Европа, апел до корисниците да се тестираат за сексуално преносливи болести
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
