-->
-->
Севилја на чекор до финалето во „Копа дел Реј’’
-->
Екипата на Севилја забележа убедлива победа со 4:0 над Селта Виго во првиот меѓусебен натпревар од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Шпанија. Со оваа победа андализиската екипа ширум си го отвори патот кон финалето.
На средбата одиграна синоќа во Севилја, головите за домаќините ги постигнаа: Рами (45 минута), Гамеиро (60 и 62) откако во првиот дел не реализира пенал, а последниот беше дело на Данецот, Крон-Дели (87).
Имајќи го в предвид резултатот од првиот полуфнален меч одигран во средата, во кој актуелниот бранител на трофејот Барселона убедливо со 7:0 ја победи Валенсија, повеќе од извесно е дека Барселона и Севилја ќе играат во финалето на популарниот „Копа дел Реј’’.
Сепак, официјално тоа ќе треба да се потврди по реванш дуелите кои ќе се играат на 10 и 11 февруари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски