-->
-->
Шабан Шаулиќ: „Напишав песна...планиравме да снимиме дует, а сега го нема“
-->

„Боже … Ова е уште еден страшен ден за мене. Дали е можно?“ – ја почнува својата приказна легендарната балкански фолк ѕвезда.
„Ми беше исклучително драг… Ние сме дури и роднини. Шокиран сум … Извонреден уметник, извонреден пејач кој им се допаѓаше и на луѓето и колегите … Не знам некого кој не го сакаше“ – раскажува потресен од веста за смртта за Синан Сакиќ, фолк легендата Шабан Шаулиќ!
„Напишав песна што требаше да биде за него и за мене … Се работи за браќа, песна за двајца браќа. “Ако е потребно, брат, јас секогаш ќе ти помогнам …” Планиравме да го снимиме тој дует, но ете… за жал, тој замина“ – вели Шаулиќ и продолжува.
„Бевме заедно, не држете ме за збор, пред месец, месец и половина во Шведска. Имавме заеднички концерт и тој изгледаше дека функционира нормално. Зборувавме, му реков за дуетската песна, а тој навистина беше воодушевен, беше многу зсреќен. И одеднаш, слушнав дека е одново во болница иако изгледаше дека е опоравен и сè е во ред“ – раскажува Шабан од кој јавноста дознава дека тој и Синан требало да снимаат дуетска песна. Сепак, тој сон ќе остане засекогаш неостварен!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
