Шахпаска: До ноември реализирани 85 проценти од Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска имаше работна средба со директорот на Агенцијата за вработување на Северна Македонија Абдуш Демири на кој беше презентиран извештај за реализацијата на Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување за оваа година, информира Министерството за труд и социјална политика.
Поголемиот дел од активните програми и мерки за вработување, како што велат од МТСП, и оваа година се атрактивни за граѓаните и интересот за нив е голем. Оттука, било констатирано дека, до денес околу 85 проценти од Оперативниот план веќе е реализиран, а во наредниот период дополнително ќе се интензивира неговата имплементација.
– Мерките кои произлегуваат од Оперативниот план ја поттикнуваат економијата да отвора нови работни места. Како Влада и Министерство, токму тоа беше наша цел. Со спроведување на мерките и програмите од Оперативниот план се зголемува вработливоста на невработените лица и се овозможува полесен влез на пазарот на труд, рекла министерката Шахпаска.
Таа најавила дека веќе е подготвен ревидиран Оперативен план со кој за најатрактивните мерки, како што се поддршка за самовработување, субвнционирање на плати, како и за новата пилот мерка за субвенционирање на плати во текстилниот сектор, за што се обезбедени дополнителни 284 милиони денари. Голем интерес, нагласуваат од Министерството, има и за обуката за развој на дигитални вештини, како и за возачи за Ц и Д категорија.
На состанокот, на кој присуствувале и претставници од УНДП кои работат на имплементација на дел од мерките, било аклучено дека Агенцијата за вработување треба да изготви анализа која ќе покаже кои мерки од Оперативниот план треба да продолжат и во наредната година.
Ново на Сител
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
-

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во Европската Унија мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална
-

Студентите во блокада во Србија на протест во Краљево
