Шахпаска: После 40 години Кавадарци добива целосно нов објект – детска градинка
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шехпаска денеска изврши увид во изградбата на новата градинка во Кавадарци. Новата градинка во Кавадарци, рече, е од големо значење за заедницата, бидејќи ќе одговори на потребите на граѓаните за зголемување на капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст, вклучувајќи ги децата со попреченост, децата од семејства во социјален ризик, како и децата од ромските семејства.
Новата градинка, чија изградба започна во 2020 година, ќе згрижи 142 дечиња кои ќе добијат квалитетна услуга. Градинката се гради согласно најсовремените стандарди и ќе овозможи квалитетен престој за децата, но и реализација на концептот – учење преку игра, со што значително се подигнува и квалитетот на воспитно образованиот процес во градинката за децата од предучилишна возраст.
Изградбата на градинката во Кавадарци е реализирана согласно највисоките стандарди за енергетска ефикасност, а градинката ќе користи и обновливи извори на енергија преку системот на сончеви колектори.
![]()
-После 40 години, Кавадарци добива целосно нов објект-детска градинка којашто е финансирана целосно од Министерството за труд и социјална политика, во склоп на проектот за подобрување на социјалните услуги, којшто пак е поддржан од Светска банка. Децата ќе бидат згрижени во 7 групи, а за овој проект се обезбедени средства во износ од 53.200.000 денари, истакна Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика.
Зголемен пристап до социјални услуги и нивно проширување со нова збогатена понуда е цел на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика. Преку активностите од Компонентата 2 од Проектот се зголемува пристапот до социјалните услуги за ран детски развој со посебен акцент на децата во социјален ризик, децата со посебни потреби и децата од ромски семејства.
Ново на Сител
-

СП 2026: Мбапе со гол од пенал ја однесе Франција во четвртфинале
-

55 санкции за возачи на мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети - шест лица уапсени за “безобѕирно управување”
-

Македонските каратисти со 58 медали и прво место на ЕТКФ Европскиот куп за деца во Софија
-

Биланс на двата земјотреса во Венецуела: Речиси 3.000 мртви и над 16.500 повредени, 50.000 лица се водат за исчезнати
-

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола
-

Возобновеното полициско училиште ќе прими 200 ученици, од МВР очекуваат силна конкуренција за првата генерација во „7 Мај“
-

Трамп во говорот на 250-годишнината од независноста на САД: Оваа земја е дом на слободата
-

Објавена нова листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија на 78-место
