Шахпаска: Продолжуваме со реновирањето на детските градинки
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ја посети детската градинка „7 Септември“ во Пехчево. Во градинката реновирани се две занимални, комплетно опремени со нови шкафчиња, маси и столчиња. Реконструирана е оградата на дворот, обновени се бетонските патеки по кои ќе се движат дечињата во градинката, а најмалите ќе си играат на новопоставените меки подлоги и тоа со реквизити кои овозможуваат правилен раст и развој.
-Детската градинка во Пехчево во моментов има присутни околу 85 дечиња со коишто работат високо-стручни профили на воспитувачи и негователи. Децата учат преку игра, се социјализираат, ги прифаќаат различностите. Предучилишното образование е важна алка во процесот на разојот на децата. Изминативе четири години изградени или реновирани се вкупно 60 градинки, а конкретно градинката во Пехчево беше реновирана со средства од блок дотациите во износ од 1,7 милиони денари“, изјави министерката Шахпаска.
Директорката на градинката „7 Септември“ Васка Симовска ја информираше министерката Шахпаска дека во установата се почитуваат мерките за заштита од Ковид19 и сите вработени веќе се вакцинирани.
Министерката Шахрапска информираше дека МТСП будно ја следи состојбата со пандемијата во градинките и во таа насока имајќи го фактот дека претходно во градинките не постоеше трансмисија на вирусот меѓу дечињата, таа очекува и овој бран предизвикан од Делта сојот безбедно да биде надминат со цел враќање на нормалното секојдневие.
На неодамнешната средба на министерката со директорите на градинките од целата држава беше констатирано дека почитувањето на Протоколот за превенција и заштита од ширење на вирусот е основниот заштитен механизам за непречено функционирање на детските градинки. На он – лајн средбата меѓу вработените во градинките со доктори епидемиолози беше расчистена и дилемата во врска со имунизацијата.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени