Шакира не е омилена меѓу жените на фудбалерите на Барселона
Пејачката Шакира е заедно со фудбалерот на Барселона, Жерар Пике од 2010 година.

Вљубената двојка заедно имаат две деца, а и покрај големиот број семејни обврски, Шакира не ја занемари својата кариера.
Напротив, Шакира неодамна на концертот во Барселона го претстави својот нов албум „Ел Дорадо“, но на него ја поддржа само сопругата на хрватскиот фудбалер од истиот клуб, Иван Ракитиќ, Ракел. Според извори блиски до пејачката двете двојки често се дружат и приватно.
Но, впечатливо беше дека ниту една друга девојка или сопргуа на соиграчите на Пике не дојдоа на промоцијата, што ги поттикна гласините дека Шакира не е многу омилена меѓу партнерките на фудбалерите на Барселона, а пред се на сопругата на Лионел Меси, Антонела.
Антонела имено е пријателка на поранешната девојка на Пике, Нурија Тома и смета дека пејачката е виновна за нивниот прекин. Сега останува да видиме дали Пике ќе се појави со Шакира на свадбата на Лионел и Антонела закажана за 30 јуни, имајќи предвид дека двајцата фудбалери се блиски пријатели.
Ново на Сител
-

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-

Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
-

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје
-

Иран инсистира да има целосна контрола над Ормуска Теснина
