Шаќири: Неделава ќе имаме конкретни препораки за справување со врсничко насилство
Како да се унапредат механизмите за безбедност во училиштата и превенирање на меѓуврсничкото насилство, беше тема на конференцијата која денеска ја организираше Меѓународниот универзитет во Струга, а на која учествуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, како и повеќе претставници на академската и експертската заедница од областа, информираат од Министерството за образование и наука.
Министерот Шаќири посочи дека МОН подготвило конкретни препораки за училиштата со цел го зачуваат мирниот амбиент и да се справат со меѓуврсничкото насилство доколку биде детектирано. За истите, како што рече, ќе се дискутира на владина седница во текот на утрешниот ден.
-Добро е што голем број страни се вклучија со свои сугестии и размислувања, меѓу кои и Меѓународниот универзитет во Струга и мислам дека тоа што ќе биде усвоено како финално, ќе дава добар ефект, доколку во целост се почитува од сите на кои се однесува, истакна Шаќири, информирајќи дека паралелно продолжуваат и консултациите за изработка на сеопфатен протокол и прирачници за училиштата.
Ново на Сител
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
