Свет
2. April 2022 - 9:22

Шаленберг: Нема нормализација со Русија под Путин

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг не смета на можноста за нормализирање на односите со Русија под Владимир Путин и по завршувањето на војната во Украина.
 
Шаленберг, кој беше во Кишињев со своите колеги од Чешка и Словачка, изјави дека руското раководство ќе мора да одговара, наведувајќи дека постои „силно сомневање дека се извршени воени злосторства”.
 
– Едно е јасно, а тоа е дека луѓето кои ги извршиле тие злосторства ќе треба да одговараат, рече Шаленберг, одговарајќи на прашањето дали Путин е воен злосторник.