Шапс: Путин ја засилува инвазијата врз Украина и бесмислено испраќа се повеќе Руси да гинат

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс денеска изјави дека Русија ја засилува инвазијата на Украина и испраќа се повеќе Руси во смрт отколку кога било од почетокот на војната.
„Путин ја засилува својата инвазија и бесмислено испраќа се повеќе Руси да гинат отколку кога било од почетокот на војната. Украинската храброст и поддршката на Западот го кочат нивниот напредок, но не можеме да бидеме самозадоволни. На Украина и треба нашата непоколеблива поддршка за да се бори и победи“, напиша Шапс на платформата Х.
Британското разузнавање денеска соопшти дека во изминатите шест недели е забележана веројатно највисоката стапка на руски жртви во војната досега. Големите загуби главно се предизвикани од руската офанзива на Донбас, градот Авдиевка, пренесува Укринформ.
Во текот на ноември 2023 година, руските жртви, како што објави украинскиот Генералштаб, во просек изнесуваат 931 дневно.
Ново на Сител
-

Повредено 10-годишно девојче од заталкан куршум
-

Тетовец се напил до 3,02 промили па си ја истепал сопругата
-

25-годишна девојка од Гостивар нападнала полицаец
-

Двајца Украинци нападнати во Центар по недоразбирање околу резервација за сместување
-

Судар на четири возила на патот Прилеп - Битола, едно лице тешко повредено
-

Уапсен маж од прилепски, возел со 3,37 промили алкохол во крвта
-

Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин
-

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег
