Балкан
14. јуни 2022 - 9:02

Шарл Мишел во посета на Црна Гора

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска ќе престојува во официјална посета на Црна Гора, соопшти Службата за информирање на претседателот на Црна Гора.

Како што се наведува, Мишел во вилата Горица со највисоки воени и државни почести ќе го пречека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.

Разговорите ќе започнат со средба на двајцата претседатели во четири очи, која ќе продолжи во присуство на делегации.

За време на престојот во Подгорица, Мишел ќе се сретне и со премиерот Дритан Абазовиќ и ќе има работен ручек со членовите на Владата.