Шеесет и шест загинати при пад на патнички авион во Иран
Сите 66 патници и членови на екипажот загинаа денеска, при уривање на ирански патнички авион во југозападниот дел на Иран.
- По проверката на зоната во која се урна авионот, бевме информирани дека загинале сите лица што се наоѓаа во него, изјави портпаролот на компанијата сопственик на леталото „Асеман Ерлајнс“, Мохамад Табатабај.
Во авионот од типот АТР-72, кој летал на релација од Техеран кон југозападниот ирански град Јасуџ, се наоѓале 60 патници и шестмина членови на екипажот,
Леталото се урнало во планински регион на околу 480 километри јужно од Техеран.
Според иранското цивилно воздухопловство, авионот исчезнал од радарите 50 минути по полетувањето.
Местото на несреќата се наоѓа на тешко достапен терен до кој не можат да дојдат возилата за брза помош, а слетувањето на спасувачките хеликоптери е отежнато од густата магла.
Засега нема информации за причините за падот на авионот, а иранските власти најавија покренување на истрага за случајот,
Компанијата „Асеман Ерлајнс“, која е формирана како резултат на јавно-приватно партнерство, е позната по летовите до зафрлените делови на Иран.
Авионот АТР-72 има два турбо млазни мотори и вообичаено се користи за летови на покуси дестинации.
Ново на Сител
-
Реки народ од сите страни на протестот во центарот на Белград
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз