Шефот на бугарската дипломатија го поздрави почетокот на Словенија со претседателството со ЕУ
Министерот за надворешни работи на Бугарија во техничката влада, Светлан Стоев, и честиташе на Словенија по повод почетокот на нејзиното претседателство со Советот на Европската унија, од вчера, 1 јули 2021 година.
За време на приемот во резиденцијата на словенечката амбасада во Софија тој изрази надеж дека мотото на словенечкото претседателство „Заедно. Одржливи. Европа“ ќе го покаже патот напред кон многу подобра Европа во иднина.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот Стоев кажа дека Бугарија целосно ги поддржува приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ и увери дека Словенија може да смета на помошта на Бугарија.
-Се надевам дека словенечкото претседателство и приоритетните области на кои се потпира ќе имаат корист од сите земји-членки, рече техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија.
Во врска со ова, тој, исто така, истакна дека пристапот на земјите од Западен Балкан во ЕУ останува приоритет во надворешната политика на Бугарија. Истовремено беше испратена порака до словенечкото претседателство да се фокусира на иднината и одржливиот пристап што ќе помогне да закрепне од актуелните предизвици со кои се соочуваат земјите-членки на ЕУ.
Министерот Стоев се заблагодари на завршеното португалско претседателство со ЕУ.
Ново на Сител
-

Амбасадорот Сулстром неделава ќе ги посети поголемите градови низ Македонија
-

Зеленски зацрта три основни приоритети пред денешниот самит на Европската политичка заедница во Ереван
-

СЗО: Тројца починати во сомнителна епидемија на хантавирус на крузер
-

Трамп: САД ќе им помогнат на бродовите заглавени од блокадата на Ормуз
-

Седници на три собраниски комисии
-

Со исказ не вешто лице од Судска медицина продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Студено утро, сончев ден со температури до 25 степени
-

Товарен брод нападнат во Ормуската Теснина
