Шефот на германската дипломатија Мас во официјална посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас, утре и задутре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Како што соопшти МНР, Мас доаѓа во возвратна посета на Македонија по јунската средба со министерот Димитров во Берлин и на само 10 дена по историската посета на канцеларката Ангела Меркел на 8 Септември годинава. Посетата, додаваат од МНР, преставува дополнителна потврда на активната и недвосмислена поддршка од СР Германија во насока на остварување на нашите стратешки цели – полноправно членство во ЕУ и НАТО.
На средбата, министрите Димитров и Мас ќе разменат мислења за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби во Република Македонија, реформската ЕУ и НАТО агенда, регионалната соработка, како и за подготвителните активности поврзани за успешна реализација на референдумот на 30 септември.
Ново на Сител
-

Од Дубаи екстрадиран 33-годишен бегалец по потерница на македонската полиција
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
-

Се огласи сопругата на градоначалникот на Скопје: Мојата чанта вреди 944 денари
-

Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование
-

Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
-

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра
-

Продолжува претресот во домот на поранешниот британски принц Ендрју по обвиненијата за поврзаност со Епстин
-

Песков: Нема потврда дека следната недела ќе се одржи нова рунда преговори за Украина
