Шефот на Гугл, Пичаи го презема водењето на матичната компанија Алфабет, основачите се повлекуваат
Извршниот директор на „Гугл“, Сундар Пичаи ќе го замени Лари Пејџ како извршен директор на матичната компанија „Алфабет“, соопшти компанијата. Пејџ и Сергеј Брин, кои ја основаа компанијата пред 21 година, се повлекуваат.
– Иако беше огромна привилегија да се биде длабоко вклучен во секојдневното управување со компанијата толку долго, сметаме дека е време да ја преземеме улогата на горди родители, нудејќи совети и љубов, но не и дневно приговарање, напишаа Пејџ и Брин во блог.
„Алфабет“, која исто така е сопственик на технолошката компанија за автономни возила „Вајмо“, на компанијата „Верили“ за здравствен софтвер и неколку други компании, се појави во 2015 година како дел од корпоративно реструктуирање.
Како што пренесуваат странските медиуми, Пејџ сакаше да се фокусира на новите компании додека оперативните одлуки во најголемата единица на „Алфабет“ – „Гугл“ ги препушти на Пичаи.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости