Шефот на кабинет на Трамп го имал планот за упад во Капитол, се тврди во таен документ
Марк Медоуз, шефот на кабинет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, на конгресната комисија која го истражува упадот во Капитол Хил, на 6 јануари годинава, и ги предаде доказите за планот на Трамп повторно да ја зграби власта.
Лондонски „Гардијан“ пренесува дека оваа надлежна истражна комисија смета дека постои поврзаност меѓу администрацијата на Трамп и организаторите на нападот на Капитол.
Фактот дека Медоуз еден ден пред нападот на Капитол Хил поседувал документ во PowerPoint, што детално го опишувал државниот удар, сугерира дека тој бил свесен за напорите на Трамп и неговите сојузници да го запрат прогласувањето на нов претседател.
Презентацијата има 38 страници и е насловена „Изборна измама, мешање и опции за 6-ти јануари“.
Тој нуди неколку препораки за Трамп да ја задржи претседателската функција и да го почне својот втор мандат, потпирајќи се на лаги и бројни теории на заговор.
Сенаторите и членовите на Конгресот прво требало да бидат информирани за наводното мешање на странците во изборите, по што Трамп би можел да воведе вонредна состојба на национално ниво, да ги прогласи електорските гласови за неважечки и да побара од Конгресот соодветна одлука.
Една од опциите за преземање на власта била тогашниот потпретседател, Мајк Пенс, да ја злоупотреби својата церемонијална улога на заедничката седница на Конгресот на 6 јануари, за да го спречи Бајден да биде прогласен за нов претседател и со тоа да го врати Трамп во Белата куќа.
Препораките во презентацијата се засноваат на измислени и неосновани наводи за изборна измама, вклучително и дека „Кинезите систематски ја преземаат контролата врз американскиот изборен систем“.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
-

Се бара оставка од Филипче - Платформата 12.05 го достави, СДСМ јавно го објави и го одби планот за промени
-

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да ја истражи Славјанка Петровска
