Шефот на НАТО и се закани на Кина
Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, за Би-Би-Си изјави дека Кина треба да се соочи со последици за поддршката на руската војна во Украина доколку не го промени своето однесување.
Столтенберг рече дека Пекинг „се обидува да седне на две столчиња“ поддржувајќи ги воените напори на Русија додека ги одржува односите со европските сојузници.
-Ова нема да функционира на долг рок, изјави Столтенберг во интервјуто за време на посетата на Вашингтон.
Во опширното интервју Столтенберг зборуваше и за нуклеарното оружје и трошоците за одбрана. Запрашан што би можеле да направат членките на НАТО во врска со поддршката на Кина за Русија, Столтенберг рече дека има „тековна дискусија“ за можните санкции.
Столтенберг е во посета на Вашингтон. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, денеска оди во Северна Кореја. Минатиот месец беше во Кина.
-Русија во моментов се повеќе се усогласува со авторитарните лидери, изјави Столтенберг.
Тој рече дека Северна Кореја испратила артилериски гранати во Русија, а за возврат Русија обезбедила напредна технологија за ракетните и нуклеарните програми на Северна Кореја.
-Така Северна Кореја и помага на Русија да води агресивна војна против Украина, заклучи генералниот секретар на НАТО.
Ново на Сител
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард
-
Опозицијата за 100 дена Влада: Скандали, изговори и неисполнети ветувања
-
Пензионерите ги добија пензиите зголемени за 2.500 денари
-
Со средба во Прилеп пензионерите од повеќе градови од Македонија го одбележаа покачување на пензиите
-
Бизнисот разочаран, Синдикатот воздржан од 100-те дена нова Влада
-
Бактерија Стафилокока најдена во “бомбиците” кои ги јаделе децата од ОУ “Ѓорѓија Пулевски“
-
ДСЗИ не најде пропусти во вонредниот надзор во кумановската болница каде почина родилката
-
Со месеци не плаќале патарина, полицајци и вработени во Државни патишта кривично ќе одговараат