Македонија
9. October 2017 - 8:47

Шефовите на дипломатиите на Шведска и Финска во посета на Македонија

Шефовите на дипломатиите на Шведска и Финска, Маргот Валстром и Тимо Соини денеска престојуваат во официјална возвратна посета на Република Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров.  

Реформските активности на Владата содржани во Планот 3-6-9, нивната имплементација, неопходна за исполнување на потребните критериуми за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ ќе бидат дел од темите за кои ќе разговараат министрите за надворешни работи. 

Се очекува да бидат разменети мислења и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи, со акцент на економската соработка и привлекување нови инвеститори од Шведска и Финска, како и за соработката во образованието и други области од заемен интерес.