Шекеринска: Фокусирани сме на наоѓање решение, покана за НАТО и преговори со ЕУ
- Во овој период сме фокусирани на планот А, а тоа е наоѓање решение, наоѓање на шанса да ги почнеме преговорите со Европската унија и да обезбедиме покана за НАТО. Сметаме дека во оваа фаза дискусии на тема план Б можат да ја испратат погрешната порака дека Македонија е подготвена да се задоволи и со нешто друго.
Ова го истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи одржаа отворен брифинг пред македонските медиуми на тема „Економија, реформа и интеграција на Република Македонија“ во организација на Владата на Република Македонија.
- Се разбира дека сите анализи ги правиме, меѓутоа фокусот треба да ни биде да ги решаваме, а не да ги одложуваме проблемите, додаде Шекеринска.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ