Шекеринска ќе присуствува на промоција на новите униформи на Армијата

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Илинден“ ќе присуствува на промоцијата на новите униформи за припадниците на Армијата.
Планирано е Шекеринска да оствари средба со припадниците на единиците на Армијата на кои ќе им честита за помошта што ја дадоа за време на вонредната состојба во земјава.
Армијата неодамна доби нови униформи, вкупно 9.100 комплети палта и пантолони.
– Со новите армиски униформи се заокружува пакетот мерки преземени од министерката Шекеринска за надминување на затекнатата состојба во Армијата со дотраена војничка и борбена опрема, ниски плати, селективна исплата на закупнина за стан, укинати дневници за дежурство, неповолни услови за пензионирање и недоволен буџет во одбраната за одржување на функцијата на Армијата, велат од Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
