Шекеринска на состанок со секретарот за одбрана на САД
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во тек на посетата на САД оствари средба со секретарот за одбрана, Лојд Остин, прва на највисоко ниво со новата американска администрација.
Шекеринска го запознала министерот за одбрана на САД со тековните процеси во одбранбената сфера и ги истакна позициите на Северна Македонија во геополитичките процеси во регионот. Потенцирајќи го успехот постигнат со членството на Северна Македонија во НАТО, посочила дека тој се должи на решителната политика, храбрите одлуки, но и на големата посветеност и работа во одбраната кои, во изминативе 30 години, носат и силен американски белег, информира во соопштение Министерството за одбрана.
-САД во целиот период од нашата независност беа и останаа наши најсилни поддржувачи и стратешки партнери, рече таа.
Изразувајќи задоволство од средбата, пренесува МО, секретарот за одбрана Остин истакна дека сојузништвото со Северна Македонија високо се цени и е од исклучително значење за САД. Тој се заблагодари за долгогодишното партнерство и соработка во одбраната и нагласи дека тоа ќе продолжи да се развива со уште посилен интензитет.
![]()
Министерката се осврнала и на процесот на евроинтеграцијата и оценила оти застојот не оди во прилог на заложбите за стабилен Западен Балкан.
-Застојот во евроинтеграцијата на Северна Македонија ја поткопува довербата во европските вредности и во храбрите одлуки што ги направивме како држава за да ги отстраниме препреките на тој пат. Сметам дека силен и координиран европски и американски ангажман би довел до позитивно придвижување и надминување на статус-кво во процесот, со што ќе се врати довербата во него и ќе се оневозможат влијанијата од трети страни, рече Шекеринска.
Шекеринска во Пентагон се сретна и со Колин Кал, потсекретар за политички прашања. На средбата стана збор за состојбата во Авганистан, новите предизвици во сајбер безбедноста, блокадата на преговарачкиот процес со ЕУ и заедничкото развивање на Криволак како НАТО полигон за армиски вежби, информира МО.
Ново на Сител
-

Скопје почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар
-

Трамп: Куба е на „раб на пропаст“
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Драмата во Малме меѓу Шведска и Унгарија со нерешен резултат
-

Јавна расправа за Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати
-

Шведска размислува за промена на валутата
-

Собранието ќе ја одржи 83. седница, на гласање новите состави на ДИК и КСЗД и измените на Кривичниот законик
-

Нетанјаху: Интересите на Израел ќе бидат задоволени за време на втората фаза од мировниот план
