Шекеринска-Тимоние: Унапредување на соработката со Франција за модернизација на АРМ

Унапредувањето на одбранбената соработката меѓу Македонија и Франција е од големо значење за заедничкиот придонес кон мирот, стабилноста и безбедноста на Балканот и пошироко. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорот на Република Франција Кристиан Тимоние, во Министерството за одбрана.
- Реформите кои ќе ги спроведеме во областа на одбраната се важен влог за побрзо интегрирање на земјата во НАТО но и во ЕУ. Ќе работиме да создадеме амбиент на доверба и подобра регионална соработка. Резултатите кои ќе ги постигнеме ќе ја зацврстат поддршката на земјите членки за влез на Македонија во НАТО. Со членството на Република Македонија во НАТО ќе се зацврсне стабилноста и безбедноста на целиот Регион, рече Шекеринска.
На средбата стана збор и за можноста за унапредување на соработката меѓу Македонија и Франција во однос на модернизацијата на АРМ.
Амбасадорот Тимоние на средбата истакна дека вратите на НАТО се отворени и дека неговата земја е заинтересирана соработката со Македонија да се унапреди.
На денешната средба присуствуваше и новото одбранбено аташе на Република Франција во Република Македонија, Жан Марк Лавали на кого министерката Шекеринска му посака добредојде и му посака успешна соработка и продлабочување на истата во наредниот период, соопшти Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
