Шекеринска: Зачленувањето во НАТО е наш подарок кон граѓаните, кон татковината
- Вработените во одбраната и Армијата на Република Македонија се дел од генерацијата која го удри печатот на НАТО. Од денес сме сојузници со армиите на САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија, сојузници со армиите на нашите поблиски и подалечни соседи, Грција, Албанија, Бугарија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.
Ова денеска преку видео – порака до сите припадници на Армијата и на вработените во Министерството за одбрана, им го порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод депонирањето на Инструментот за пристапување во НАТО во Вашингтон, со што и официјално нашата земја станува 30. полноправна членка на Алијансата.
-Денес сме победници, од денес сме НАТО. Членка на најмоќниот сојуз, на најбројната Алијанса. Зачленувањето во НАТО е наш подарок кон граѓаните, кон татковината, истакна Шекеринска.
Обраќајќи им се на сите старешините и цивилите во Армијата, но особено на војниците кои деновиве се на терен извршувајќи задачи во поддршка на граѓаните и заштитата на нивното здравје им порача дека верува во нив и нивните капацитети и дека нема сомнеж дека сите предизвици, сите задачи ќе бидат совладани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден