Македонија
17. јуни 2024 - 16:36

Шест години од потпишувањето на Преспанскиот договор

Пред точно 6 години во Нивици на брегот на Преспанското езеро Македонија и Грција си подадоа рака. Договорот кој го реши тридеценискиот спор на Македонија и ја додаде придавката Северна.

Под новото уставно име Македонија стана 30-та земја членка на НАТО, но преговорите со ЕУ останаа само ветување. Иако Грција го тргна ветото, Македонија доби нови, најпрво од Франција, а потоа и од Бугарија.

Земјава постепено ги реализираше и превземените обврски, граѓаните ги променија сите лични документи, регистерки таблички, табли на сите државни институции. Грција се уште ги нема ратификувано трите протоколи за соработка, а на патните табли и натаму стои ФИРОМ или Скопје.

Шестгодиншната денеска и утре се одбележува во Атина. Фондациите на тогашните премиери Заев и Ципрас организираат Меѓународна конференција за мир и одржлив развој  

Договорот од Преспа е жив доказ дека и најтешките спорови можат да се решат кога лидерите го даваат приоритетот на поголемото добро пред сè. Тоа го одбележа историскиот момент кога конфликтот беше трансформиран во соработка со визија за хармонична иднина, напиша Заев на фб

На конференцијата присуствува и медијаторот Метју Нимиц кој посредуваше во постигнувањето на договорот, за што денеска двете фондации ќе му врачат награда. Венко Филипче пак во има на фондацијата на Заев порача дека договорот од Преспа, деценискиот спор го трансформираше во соработка. 

Нашето мото „Едно општество за сите“ има длабоко значење во време во кое силите на поделбата се во пораст. Нашата сила е во различноста, а инклузивноста е камен темелник за просперитетна иднина. Нашиот колективен успех лежи во способноста да се обединиме, да ги негуваме различностите и да работиме неуморно за создавање на општествово каде што се вреднува секој човек“, истакна Филип

Со победата на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова, договорот повторно ја брануваше јавноста, особено откако и Мицкоски и Силјановска порачаа дека во своите јавни настапи нема да ја користат придавката Северна. Во период на затегнати односи Силјановска Давкова вчера во Швајцарија прв пат се сретна со премиерите на Грција и Бугарија, на фб порача дека само преку соработка државите ќе ги подобрат меѓусоседските односи.