Македонија
20. September 2015 - 13:17

Шест кавадаречки семејства добија реновирани домови

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, пратеникот во Собранието на Република Македонија, Весна Пемова, денес го посетија Дневниот центар за превенција од зависности кој е  заедничка инвестиција на Министерството за труд и социјална политика и на Општина Кавадарци во износ од околу 1.500.000 денари,

“Се работи за целосно реконструиран и опремен објект  кој ќе врши психосоцијална поддршка на семејствата и на корисниците на овој дневен центар, индивидуална и тимска работа и исто така работен третман и поддршка од страна на психолог и социјален работник”објасни министерот Спасов.

Спасов ги  посети семејствата чии што куќи ги зафати пожар пред неколку месеци и шест семејства имаа значително оштетување на нивните домови. Како резултат на заедничката акција на Општината и бизнис заедницата, односно регионалната Стопанска комора  и со  финансиска поддршка од Центарот за социјални работи и Министерството за труд и социјална политика се обезбедија околу 30.000 евра за целосна реконструкција на трите куќи во кои што живеат шест семејства.

“Последиците од пожарот се целосно санирани и слободно можам да кажам дека овие семејства може да имаат комотен и удобен живот. Ги надминавме последиците од ужасниот пожар и навистина е големо задоволството кога ќе се види една состојба на едни солидни услови за живот.

И понатаму во соработка со Општина Кавадарци ќе прдоложиме со реализација на низа проекти, за во наредниот период  одредени објекти кои што се слободни и кои што може да се адаптираат за детски градинки и на старски домови во Кавадарци” истакна Спасов

Градоначалникот Александар Панов рече дека локалната самоуправа и бизнис секторот раководен од претседателот  на регионалната стопанска комора, Митко Јанчев со свој допринос обезбедиле нормални услови за живеење на овие семејства