Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче
Авион за транспорт на пациенти, во кој имале шест лица, меѓу кои и едно девојче, вчеравечер се урна во Филаделфија, соопшти компанијата која управува со авионот.
Компанијата „Jet Rescue Air Ambulance“ извести дека нивниот авион се урнал и дека во авионот имало четворица членови на екипажот и педијатриски пациент со неговата мајка.
„Во моментов не можеме да потврдиме дека има преживеани“, се наведува во соопштението на компанијата.
Претседателот Доналд Трамп на социјалните мрежи напиша дека „толку е тажно да се види дека авион се урна во Филаделфија“.
Федералната управа за авијација (ФАА) објави дека во авионот „Лирџет 55“ имало шест лица и дека авионот се урнал околу 18:30 часот.
Мексиканската влада објави дека сите патници во авионот се мексикански државјани, пренесе Си-Ен-Ен.
Девојчето патувало дома со авион, а крајната дестинација била Тихуана, изјави за Си-Ен-Ен Шаи Голд, кој работи во одделот за корпоративна стратегија во „Jet Rescue Air Ambulance“.
Во авионот била и нејзината мајка, додаде тој.
-Ужасно сме шокирани од овој трагичен развој на настаните, изјави Голд, додавајќу дека во авионот имало многу искусна екипа.
„Ние сме водечка служба за итни случаи на воздухопловството, летаме од 600 до 700 пати годишно“, додаде тој.
Локалните медиуми јавија дека несреќата се случила во близина на трговскиот центар Рузвелт во североисточна Филаделфија.
Државните и локалните власти изјавија дека не знаат колку луѓе загинале на земја по падот на авионот.
Ново на Сител
-
Зеленски: Трамп нема план да стави крај на војната
-
Песков: Русија и САД не започнале разговори за средбата Путин-Трамп
-
Поради дојави за бомби се евакуираат ученици во Аеродром
-
Нов бојкот за пазарење во маркетите, надлежните најавуваат мерки денес или во понеделник
-
Иницијатива за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет, доколку се изгласа недоверба тие сами одлучуваат дали ќе се повлечат
-
Во Собранието јавна расправа за законски измени за поголема безбедност во сообраќајот
-
Во Хрватска денеска трет бојкот на трговските синџири
-
Доналд Трамп воведува санкции врз Меѓународниот кривичен суд