Шест малолетници пријавени во полиција во Кавадарци за злоупотреба на фотографии од девојчиња
Шест малолетници од основно училиште од Кавадарци се пријавени во полиција, за злоупотреба на фотографии од малолетни девојчиња од истото училиште.
За случајот, МИА побара одговор од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, која информира дека децата се повикани на разговор во полиција заедно со нивните родители.
- Ве известуваме дека во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, повикани се шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина, се вели во писмениот одговор од Ѓаковска, добиен попладнево.
Таа рече дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот
-
80 години слободно Скопје
-
Прес конференција на опозицискиот лидер
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Средба Сиљаноска – Радев во Баку
-
Азески: Банките да пуштат пари