Шест милиони евра ќе се слеат во стопанството по основ на ДХВ

Во стопанството неделава ќе се слеат 365 милони денари или 6 милиони евра свежи средства по основ на отплата на доспеани државни хартии од вредност од страна на Министерството за финансии.
По основ на досега издадени хартии од вредност Министерството за финансии ќе исплати 600 милиони денари или 9,8 милиони евра, а на денешната најавена аукција Министерството најави дека ќе презапише само 235 милиони денари или 3,8 милиони евра од тие средства.
- Остатокот од средствата, или 6 милиони евра кои нема да се презапишат, остануваат за пласирање од страна на банките во стопанството во вид на кредити и на тој начин подобрување на ликвидноста на стопанството, наведува Министерството за финансии во денешното соопштение.
Оттаму објаснуваат дека во последно време издаваат подолгорочни хартии од вредност, односно 5, 10 или 15 годишни обврзници примарно на барање на пензиските друштва, кои вложуваат во државни хартии од вредност како најсигурни инструменти пазарот на капитал, односно за поголема сигурност на пензиските влогови.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за лице од струшко Ливада за убивање и мачење животни
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
-

ССМ на традиционален протест за 1 мај
-

Скок на цените на природниот гас на европските берзи
-

Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно
