-->
-->
Шестчасовен прекин на водоснабдување утре во дел од Кичево
-->
ЈКП „Комуналец“ Кичево соопшти дека утре, од 8 до 14 часот, без вода ќе бидат корисниците од населбата „Над железничка станица“ и од улиците „Ужичка Република“ и „Влашки Пат“.
Причина за прекин на водоснабдувањето е отстранување дефект на водоводна цевка.
Од комуналното претпријатие информираа дека во овој дел од градот со реконструкција на улицата „Ужичка Република“ се врши и промена на водоводната мрежа, како на главната улица, така и на помалите улици кои се приклучени на главната водоводна цевка.
Со поставувањето нови ПВЦ пластифицирани цевки, дефектите во водоводната мрежа во градот се мноуг помали и речиси воопшто ги нема.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
