Шестмина мртви во луксузен хотел во Бангкок, има сомнеж дека се отруени
Шест лица се пронајдени мртви во луксузна хотелска соба во центарот на Бангкок, а тајландската полиција се сомнева дека причината за смртта е труење, јави Си-Ен-Ен.
„Персоналот на хотелот ги пронашол телата во соба на петтиот кат во Гранд Хајат, откако гостите не успеале да се одјават по повеќе од 24 часа“, рече полицискиот комесар на Бангкок, Тити Саенгсаванг, според Си-Ен-Ен.
Полицијата соопшти дека нема индиции за грабеж и дека на телата нема траги на физичко насилство, но дека во просторијата се пронајдени чаши со траги од бел прав, заедно со недопрена храна која била нарачана претходно, поради што има сомневања на труење.
Властите во моментов трагаат по седмото лице кое било еден од гостите на хотелот и сега е можно осомничено.
Познато е дека меѓу жртвите има и двајца американски државјани.
Американскиот Стејт департмент соопшти дека е запознаен со случајот и дека се истражува.
„Секогаш кога американски државјанин ќе умре во странска земја, локалните власти се одговорни за утврдување на причината за смртта. Често соработуваме со локалните власти кога станува збор за смртта на американските граѓани, така што тоа ќе биде случај и сега“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
Ново на Сител
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожар во Струга
-
Неприфатливи се барањата на компаниите за зголемување на цената на струјата
-
РЕК Битола: Стожерот на македонската енергетика исправен пред бројни предизвици
-
Обвинителството уште го чека обдукцискиот наод за 14 месечното бебе кое почина на Детска
-
Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија