Шестмина убиени во вооружен напад во болница во чешка Острава
Најмалку шест лица се убиени во пукотница во болница во чешкиот град Острава, јави Би-Би-Си.
Нападот се случил утринава во 7 часот.
Полицијата ја евакуирала болницата и го бара напаѓачот, кој е во бегство. На местото на нападот се наоѓаат припадници на специјалната полиција.
Полицијата претходно јави дека четири лица се убиени, а двајца тешко се ранети, но во меѓувреме бројот на загинати се зголеми на шест.
Според непотврдени информации, напаѓачот бил облечен во црвена виндјакна.
-Полициската интервенција се уште е во тек. За жал, во нападот животот го загубија повеќе лица. Нема да коментирам детали за тоа. Полицијата прави се што е потребно за да ја реши ситуацијата, изјави чешкиот министер за внатрешни работи Јан Хамачек за чешката јавна телевизија.
Чешките медиуми наведуваат дека пукањето се случило во една од амбулантите на болницата во Острава, град на североистокот од земјата.
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети