Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна

Центарот за јавно здравје-Штип вчера добило пријава за труење од храна за шест лица, кои се вработени во фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ)-Штип. Во писменото соопштение се наведува дека по пристигнување на пријавите, одделението по епидемиологија во Центарот за јавно здравје-Штип веднаш постапило согласно националниот протокол во случај на појава на алиментарни инфекции и интоксикации.
Епидемиолозите веднаш излегле на терен и извршиле увид во објектот, кој е оператор за храна во правното лице во ТИРЗ –Штип.
- Извршен е едукативен разговор со одговорните лица и персоналот во однос на начинот на прием на храната, подготовка, чување и складирање на храната. Дадени се предлог мерки и препораки. Назначено е генерално механичко чистење, извршена е вонредна дезинфекција, дезинсекција, дератизација на објектот, направени се вонредни санитарни прегледи на вработените. Земени се мостри од инкриминираната храна за микробиолошка анализа и брисеви од работните површини од кујната-соопштија од Центарот за јавно здравје-Штип.
Во соопштението се наведува и дека одделението по епидемиологија од ЈЗУ ЦЈЗ Штип будно ќе ја следи состојбата во наредниот период и ќе ја информира јавноста и при евентуална појава на нови случаи ќе преземат дополнителни мерки согласно законската регулатива.
МИА
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
