Шестта републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри

Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри во чест на 70. годишниот јубилеј на пензионерското организирање во Македонија се одржа денеска во Домот на АРМ.
Ревијата се одржува по шестти пати и е во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ), под покровителство на Министерството за култура на Македонија.
Претседателот на СЗПМ Драги Аргироски на отворањето рече дека годинешната ревија има околу 600 учесници и е особено популарна меѓу пензионерите бидејќи претставува традиционално обележје на третата животна доба и можност за враќање во спомените од младоста.
- Песните, ората и обичаите се наша историја создавана низ вековите. Луѓето од овие простори пееле и кога тажеле, но и кога се радувале и веселеле. Низ песната ги искажувале задоволството и незадоволството, неспокојот и непокорот. Затоа и сме опстоиле. Секоја песна, музика и оро е порака што се пренесувала од колено на колено и со векови останувале значајно обележје и израз на нашиот идентитет и потврда за заедничкото живеење на сите етнички групи во нашето мултикултурно општество, рече Аргироски.
Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска рече дека манифестацијата е одраз на посветеноста, истрајноста и длабоката почит кон трајните вредности на културата кои се наше национално обележје и ангажманот на сојузот на пензионери и на сите 52 здруженија кои со години даваат искрен придонес во негувањето на богатата македонска етнокореолошка традиција, нашиот староградски фолклор и изворното творештво.
- Ревијата на песни, музика и игри ги промовира нашите наследни вредности кои ги потврдуваат македонскиот културен идентитет и творечката автентичност на македонското поднебје. Таа е убав повод пензионерите од сите градови во Македонија да се дружат меѓусебе и да го пренесат на младите генерации своето искуство и вредностите врз кои понатаму треба да се гради нивната иднина, рече Милевска.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека манифестацијата е плод на заложбите на највозрасната, но и најмудрата генерација за негување на нашата богата традиција и силната желба, посветеност и длабока почит на пензионерите кон трајните вредности на културата како наше национално обележје.
- Градот Скопје има одлична соработка со СЗПМ базирана на меѓусебен договор и заемно учество во реализација на разни програми и активности кои имаат за цел остварување на поквалитетен живот на пензионерите, рече Тајановски.
На ревијата присуствуваа и Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, повеќе градоначалници и други гости и поддржувачи на пензионерските активности.
Ново на Сител
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
