Шилегов и Каминис за зближување на Скопје и Атина и затворање на отворените прашања
Градоначалниците на Скопје и на Атина, Петре Шилегов и Јоргос Каминис, денеска во грчката престолнина ќе имаат официјална средба, решени, како што самите велат, да изградат повеќе мостови на соработка и да бидат движечка сила за приближување на двете соседни земји.
Во пресрет на средбата, вчера двајцата градоначалници во заедничка колумна повикаа на зближување на двата града и затворање на отворените прашања меѓу Македонија и Грција.
Двајцата градоначалници, во колумната објавена во македонскиот дневен весник „Слободен печат“ и грчкиот дневен весник „Та Неа“, го изнесоа своето разбирање дека активирањето на преговорите создава стравови и несигурност кај големи делови од населението во двете земји, и дека таквите негативни чувства и грижи треба да се почитуваат, внимателно да се решаваат и да не се игнорираат.
- Не смееме да дозволиме националистичките гласови во двете страни да ги искористат овие чувства во обидот да го загрозат конечниот договор и повторно да ја утврдат нашата судбина и нашата заедничка иднина, не само како соседи, туку и како европски граѓани, нагласуваат Шилегов и Каминис.
На крајот од колумната тие додаваат дека како градоначалници на главните градови, решиле да го отворат патот кон поблиска соработка и силно ги охрабруваат нивните национални влади да го вложат тој дополнителен напор потребен за да не се пропушти новата можност и да се постигне договор, кој им служи на основните интереси на двете земји и гарантира подобра иднина за сите нивни сограѓани.
Јоргос Каминис, говорејќи за радиото Тема 104.6, отфрла секаква можност со Петре Шилегов да разговараат за политичките случувања и разговорите за името и открива дека наскоро ќе ја возврати посетата и со Шилегов ќе се сретне во Скопје, јавува дописникот на МИА од Атина.
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите