Шилегов: Јас повеќе верувам во Господ, отколку во датуми

Јас сум припадник на Македонската православна црква и тоа го почитувам. Она што мислам дека се наметна како лажна дилема кога е верата во прашање, е дека не се слават датумите, туку Бог. Од тие причини, ако го славите Бог, тогаш веројатно е и релевантен датумот, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во врска со неговиот предлог за датумот за прославата на Божик.
– Она што јас лично го размислувам и убеден сум дека тое е мислење можеби на 80 проценти на граѓаните на државата, припадници на МПЦ. Треба да знаеме дека надвор од припадниците на МПЦ има и други граѓани кои се во друга христијанска црква, католичката, протестанската. Моето лично мислење е дека тој тип на големи празници Божик, Велигден, треба да ги славиме сите заедно. А, пак велам, во што верувате вие: во датумот или во Господ. Тоа е клучното прашање кое треба да го поставува секој од нас. Јас повеќе верувам во Господ, отколку во датуми, одговори Шилегов на новинарско прашање на денешната промоција на новиот парк во населба Топанско Поле.
Тој посочи дека Синодот е тој што одлучува и дека кога ќе биде Божик има различни верски пресметувања.
– Моето лично мислење е дека тоа треба да го правиме со остатокот од цивилизираниот свет. Освен нашата држава, Русија и Србија не постои друга држава што го применува Јулијанскиот календар во пресметувањето на времето. Меѓутоа, тоа е одлука на Синодот, рече Шилегов.
Ново на Сител
-

Кривична пријава против осум лица од Виница и виничко за кривични дела во врска со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво
-

МВР: Лишен од слобода скопјанец поради кражба на бакарни кабли во вредност од 200 000 евра
-

Во Чешка разбиена криминална група која шверцувала кокаин во торти
-

Физичка пресметка помеѓу пратениците во Парламентот на Турција
-

Во ГОБ „8-ми Септември“ повторно работи неврохируршката служба, оперирани двајца пациенти
-

Алиу на онлајн-состанок со странски експерти за кардиохируршки интервенции - процесот го водиме за независен стручен увид на состојбата
-

Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во случајот „Онкологија“, судењето продолжува утре
-

Обезбедување украло бакарни кабли вредни 200.000 евра од градилиште во Центар
