Шилегов: ЈСП е во полн капацитет пуштен во промет
Во врска со јавниот превоз, скопскиот градоначалник рече дека сите капацитети работат во нормален воизен ред во ЈСП, но посочи дека е потребна реформа бидејќи овој превоз е конципиран по основ на студија направен во 1984 година.
– Јавниот превоз во Скопје е во полн капацитет пуштен во промет толку колку што во овој момент можеме. Неколку наврати во минатото јас кажував дека за жал овој превоз е конципиран по основ на студија направен во 1984 година и ни е потребна реформа. Јас сум горд што со екипата на луѓе околу мена успеавме да го сработиме Брз рапид транзитот, за жал, не успеавме да го имплементираме затоа што е сериозно комплексен проект и мислам дека со решавањето, воведувањето на еден нов систем, нема да имаме проблем од ваков карактер, рече Шилегов.
Тој истакна дека нема информации дека има било каков проблем во некое училиште и апелира до секој како родител, како јавност ако дознае за такви работи да ги известат нив или Министерството за образование, со цел, како што рече, Државниот просветен инспекторат ја санкционира таа состојба и да го доведеме работите во ред затоа што безбедноста и доброто здравје на секој средношколец е имератив за секој од нас.
– Протоколите ги има утврдени Министерството за здравство со соработка со Министерството за образование и наука, ние тие протоколи ги применуваме и на тие протоколи се придружуваме и секогаш апелирам како градоначалник на град не само до децата туку и до нивните родители и семејства да се придружуваме и да се грижиме за сопственото здравје почитувајќи ги протоколите. Ако се грижиме за сопственото здравје, се грижиме и за здравјето на луѓето кои се околу нас. Никој нема ќар од тоа ако било кој се разболе. Во скопските средни училишта се работи во неколку смени, оптимално да го воведеме процесот на образование. Ние пред почнувањето ан училишната година направивме анкета меѓу средношколците во Скопје, некаде 22.500 а само 250 деца се изјаснија дека сакаат онлајн настава. Децата сакаат да бидат во училипте. Нашара примарна цел е да ги задржиме во тој процес што е можно повеќе, што е можно побезбедно за секој од нив и се придружуваме на она што како протокол е утврдено од страна на Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, рече Шилегов.
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
