Шилегов на билатерални средби со градоначалниците на Подгорица и Пловдив

Градоначалникот Шилегов вчеравечер во ресторанот на „Парк хотел и спа“ имаше работна вечера со делегација од збратимениот град Подгорица, Црна Гора, предводена од градоначалникот Иван Вуковиќ. Двајцата градоначалници разговараа за досегашната соработка меѓу двата збратимени града и за можноста за продлабочување на таа соработка во повеќе области од урбаното живеење.
Денеска, пак, градоначалникот Шилегов се сретна со градоначалникот на Пловдив, Бугарија, Иван Тотев. На средбата се разговараше за интересот на Град Скопје да се кандидира за Европска престолнина на културата во 2028 година и за искуствата и соработката со Градот Пловдив кој е Европска престолнина на културата 2019 година.
Делегациите од Подгорица и од Пловдив присуствува на денешното чествување на Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември и положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите. Вечер, делегациите од двата града ќе присуствуваат на доделувањето на наградите „13 Ноември“ и на концертот на Македонската филхармонија, што се организира по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Скопје.
Градот Скопје и Градот Подгорица се збратимени од 2008 година и годинава одбележуваат 10 години од збратимувањето. Двата града негуваат плодна соработка и разменуваат позитивни искуства, особено за прашања од комуналната сфера и урбаните проблеми, стои во соопштениео испратено од Град Скопје
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
