Шилегов: Приоритет се пешаците, велосипедистите и јавниот превоз

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој денеска учествуваше на панел дискусија на конференцијата за безбедност на патиштата, истакна дека приоритет секогаш ќе бидат пешаците, велосипедистите и јавниот превоз.
- Едно од главните предизборни ветувања на кое што заеднички ставивме потпис со некои од иницијативите денеска присутни овде, беше дека секоја нова улица или булевар во Скопје ќе биде градена со задолжителни пешачки и велосипедски патеки. Проектите кои ги започна новата градска администрација како новиот мост на булеварот АСНОМ, булеварот Босна и Херцеговина или булеварот Христијан Тодоровски Карпош, имаат издвоени простори за ранливите категории во сообраќајот, посочи Шилегов.
Планот на Град Скопје е да го следи примерот на останатите европски градови и да донесе стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот за период од пет години.
Дополнителен проблем во Скопје е и што општините и градот немаат своја сообраќајна полиција и зависат од расположливоста на МВР.
- Посветеноста што ја имавме изминатите седум месеци во поставувањето метални столпчиња за физичко одвојување на просторот за пешаци и велосипедисти е одличен начин како да се заобиколат прашањата како соработката со полицијата и расположливоста на пајаците. Горд сум на бројката од околу 10 километри должина на тротоари кои некогаш беа окупирани од непрописно паркирани возила, а сега се ослободени за користење на ранливите категории во сообраќајот, рече Шилегов.
Ново на Сител
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
