Шилегов: Продажбата на барокната градска куќа е по одлука на Советот на Град Скопје
Граѓаните не беа прашани дали сакаат барокна градска куќа на таа локација. Продажбата на градската куќа е по одлука на Совет на Град Скопје, како надлежен орган, на јавна електронска лицитација што ќе биде транспарентна. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.
– Местото на седиштето на администрацијата на главниот град не е некаде фрлено на страна. Местото на седиштето на главниот град е во центарот на градот. Тоа што некој немал визија, не се грижел, ниту знаел, ниту умеел да определува што се приоритети на Град Скопје во минатото е една од причините затоа што живееме во ваков град во каков што живееме во овој момент, рече Шилегов.
Негрижата за јавниот транспорт и за топловодната мрежа, дивеењето во урбанизмот, се причините поради кои овој Град е меѓу најзагадените градови.
– Ако навистина знаеле што е приоритет на Град Скопје, немаше да ја фрлат градската куќа таму каде што е фрлена, рече Шилегов.
Тој рече дека работи по пределени стандарди што треба да важат за градската администрација.
Прашан зошто е ниска почетната цена на барокна градска куќа или 12,7 милиони евра, Шилегов рече дека почетната цена е толкава колку што Градот навистина потрошил.
– Финансиските извештаи што ги направивме, финансиските извештаи што ги имаме укажуваат дека нето средствата што Градот ги потрошил во инвестицијата се толку колку што е почетната цена. Не мислам дека е коректна информацијата за 20-тина милиони евра. Таа со ДДВ е околу 15 милиони евра, рече Шилегов.
На вчерашната 41. седница на Советот на Град Скопје, по предлог на градоначалникот Петре Шилегов се стави на гласање и се изгласа одлуката за продажба на барокната Градска куќа на кејот на реката Вардар.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!