Шилегов: Реконструкциите на улиците не се врзани со изборната кампања
Ако досега се направиле 40-ина реконструкции на главни улици, тогаш не можете да ги поврзувате со изборната кампања и овие реконструкции беа најавени уште во април или мај, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
– Ние во текот на овие четири години извршивме реконструкција на над 40 главни сообраќајници и секогаш овој е периодот кога се гради. Не е врзан интензитет или промоција на реконструкција на определена улица со изборите, туку е нешто што како редовна појава се појавува во нашиот град. јас разбирам дека секоја реконструкција внесува промени во секојдневието на нашите граѓани, но успеавме да внесеме квалитети во брзината, квалитети во интензитетот на работењето со цел тоа попречување при вршење на реконструкцијата заврши. За четириесетина дена ја завршивме реконструкцијата на „Партизанска“ и на булеварот „Александар Македонски“ кичмата на сообраќајот во Скопје, сега сме на „Крсте Петков Мисирков“ кај МНАУ. Верувам дека реконструкцијата кај „Крсте Мисирков“ нема да трае повеќе од 20 дена за двата правца вкупно. За мене е многу битно дека сме посветени, брзо работиме, рече Шилегов, демантирајќи ги обвинувањата од опозицијата во врска со неговиот имот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
-

Итно е потребна трансплантација на срце кај охриѓанецот Дарко
-

Кебакоски: Трговците ни ја купија пченицата по 10 ден. за да ја продадат поскапо Стокови резерви, државата да ни даде по уште 5 ден. од кг.
