Шилегов: Во недела одлучувате за спроведување на планот за живот

Носителот на кандидатската листа за пратеници од СДСМ во Изборната единица 6 Петре Шилегов денеска на средби со жители во општина Гостивар ја претстави предизборната програма.
Повтори неколку акценти меѓу кои и најавите за минимална плата од 16.000 денари и просечна 30.000. Воедно нагласи дека со програмата е предвидено платата на наставничкиот кадар да не биде пониска од просечната плата.
- Во недела сте сами зад параванот и одлучувате за вашата иднина Заокружете го бројот 4 за да го спроведеме планот за живот и да ја вратиме насмевката на лицата, рече Шилегов на прес-конференција по средбите.
Во обраќањето од центарот на Гостивар ги коментираше и наводите на неговиот противкандидат Владимир Ѓорчев од коалицијата „За подобра Македонија“ околу најавените 37 проекти за Гостивар.
- Триесет и седумте проекти за Гостивар се триесет и седум ситни лаги. Гостиварци велат доста е, бидејќи им треба здравство кое ќе ги лекува, лекари и медицински пероснал за да бидат достоинствени пациенти, подвлече Шилегов и јавно го праша Ѓорлев зошто се чекале десет години за да се направи клучката кај автопатот на влезот во Гостивар.
Ново на Сител
-

Нови закони за концесии и за јавно-приватно партнерство до крајот на годината пред пратениците
-

Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ива и татко и ќе одговараат кога тогаш
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
