Шилегов во посета на Тетово

Носителот на листата за пратеници од здружената опозиција предводена од СДСМ во Шестата изборна единица Петре Шилегов денеска имаше средби со граѓаните на Тетово.
Шилегов одржа прес-конференција на кружниот тек на крстосницата од булеварот „Маршал Тито“ и улицата „Јане Сандански“ во центарот на градот, на која рече дека владејачките партии не воделе грижа за загадувањето и оти Тетово и Македонија, согласно извештаите на сите релевантни светски куќи, се најзагадените подрачја во Европа и светот. Според Шилегов, градот е загаден и покрај тоа што веќе е затворен ХЕК „Југохром“ од Јегуновце, кој се сметаше за една од причините за загадувањето на Тетово.
- СДСМ има план за заштита на здравјето на граѓаните од оваа еколошка катастрофа. Нудиме поволни кредити за сите фирми што ќе ги запазуваат европските стандарди за еколошкото здравје на граѓаните. Меѓу другото и за „Југохром“ предвидуваме таков посебен третман со цел и да работи комбинатот и луѓето и во истовреме да не ја загадува околината во Тетово, рече Шилегов и ги повика граѓаните да присуствуваат на митинзите на здружената опозиција.
Шилегов со дел од кандидатите за пратеници делеше флаери и разговараше со жители на Тетово по булеварот „Маршал Тито“, го посети и се сретна со претставници на Здружението на глуви, наглуви, слепи и слабовидни лица во нивните простории во Тетово, како и со бранители.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
