Шимпанзо кое пуши главна ѕвеада на зоолошката градина во Пјонгјанг
Новоотворената зоолошка градина во севернокорејскиот главен град Пјонгјанг има нова атракција - шимпанзото Азалеа, кое пуши цигари.
Девеетнаесетгодишниот мајмун знае самостојно да користи запалката, и пуши по една кутија цигари дневно.
Претставник на Зоолошката градина изјави дека Азалеа сепак не го вовлекува чадот, па шансите за штетни последици по нејзиното здравје се мали.
Ако пак, случајно не се снајде со запалката, ова снаодливо животно ја пали цигарата од догорчето на претходната.
Азалеа, или скратено Дале, е вистинска ѕвезда во зоолошката градина. Посетителите се смеат од срце кога ја гледаат како пуши, ги слуша и исполнува наредбите на дресерот, танцува и се поклонува кон насобраната публика во знак на благодарност.
Новата зоолошка градина, којашто беше отворена на крајот од јули, дневно има по неколку илјади посетители. Таа е отворена на местото на претходната зоолошка градина, изградена од Ким Ил-сунг, првиот севернокорејски лидер и дедо на сегашниот претседател Ким Џонг-ун.
Меѓу повеќето атракции, олицетворени во вешти животни, е и мајмунчето кое прави маневри со кошаркарска топка.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот